Чулев:Будно се следи состојбата на границите поради можен нов бран бегалци

Двете наши граници јужната и северната будно ги следат припадниците на граничната полиција во соработка со припадниците на нашата Армија и полиции на други држави поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Р.Турција и можната опасност од нов бран бегалци од Сирија.

Ова го потенцира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој денеска беше во работна посета на СВР Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали има опасност од нов бран беглаци, кои би транзитирале низ нашата држава.

– Ние будно го следиме процесот и доколку има потреба и сега сме многу подобро подготвени и материјално – технички и кадровски за попречување на влез на нов бран емигранти, нагласи министерот Чулев.