Во Јавното претпријатие”Комуналец” од Крива Паланка во тек е постапка за распишување тендер за набавка на нови 40 контејнери за потребите на одржување на јавната чистота во општината.
– Во изминатиот период ЈП “Комуналец” изврши набавка на четириесет метални контејнери, истите се поставени на повеќе локации во градот, дел од нив на постојни локации каде беа заменети старите контејнери, а дел се поставени и на нови локации во повеќе реони во градот. Во моментот во тек е распишување нов тендер за набавка на 40 пластични контејнери, кои ќе бидат распореднеи низ градскиот реон, за што, се надевам граѓаните ќе водат сметка каков смет ќе фрлаат во нив, со напомена, да се внимава најмногу да не се фрлаат лесно запалливи материи, бидејќи со самото учништување не се прави штета на ЈП Комуналец, туку на самиот град и граѓаните кои живеат тука, изјави директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски.
Потенцира дека набавката ќе се реализира со сопствени средства од буџетот на претпријатието, согласно годишната програма за 2020.
-Нашите екипи навремено го острануваат и содвенто го депонираат и градежниот шут и смет кој во голема мера го одлагаат граѓаните, така што особено е подобрена чистотата во градот, додаде Марковски.