Османи: Беше многу важно процесот за „Монструм“ да се повтори, бидејќи граѓаните не веруваат

ојата улога денеска беше како сведок, споредено во тоа време како гласноговорник на ДУИ, да придонесам овој длабоко сензитивен, политизиран судски процес да се разреши и да се даде епилог на кој што ќе имаат доверба сите страни вклучени во процесот, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по сведочењето за случајот „Монструм“.

-Многу е важно што има повторување на судскиот процес за случајот наречен „Монструм“. Тоа е важно затоа што очигледно првото судење поради чувството на нетранспарентност создаде многу дилеми  по однос на епилогот на судење што потоа придонесе на недоверба на одлуката на процесот, но и недоверба во целиот судски процес, рече Османи.

Повтори дека е добро да се види повторен транспарентен  судски процес на кој, како што рече, секој  збор се следи од страна на јавноста, од страна на меѓународните  фактори и ОБСЕ, со цел да се вгради доверба и овој процес, да се деполитизира и навистина да стане правно – кривичен процес во којшто врз основа на факти и аргументи ќе се донесе одлука, а потоа граѓаните ќе имаат доверба во таа одлука.

– Беше многу важно процесот да се повтори уште еднаш,  затоа што граѓаните не веруваат. Многу е важно граѓаните да имаат доверба  Политичките партии и граѓаните нема да се мешаат во одлуката на судот. Погледнете ги судењата во Хашкиот трибунал, каде целиот процес на судење оди  во живо и по телевизии. Значи не само овие изјави тука, туку и присуството таму и сведочењата  директно се пренесуваат во живо бидејќи тие знаат и целиот свет знае дека е многу важно да се добие довербата  на граѓаните во аргументацијата  односно во фактите, рече Османи.

Тој изрази задоволство бидејќи денеска гледа многу медиуми што го следат процесот бидејќи, како што рече, мора да се врати довербата за овој  процес, как и довербата  во судскиот  систем.

-Тоа е  важно не само за овој судски процес, туку и за сите други што на некој начин ставија лош имиџ на  судството, односно дилема за селективна правда во нашата држава, без разлика  дали е случајот на малиот Алмир, Сопот, или некој друг случај, рече Османи.