Борел: Законот за ЈО е важен чекор за реформските процеси во С. Македонија

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вечерва изрази задоволство поради донесувањето на Законот за јавно обвинителство во С. Македонија.

Тој истакна дека од Минхен за Брисел летал заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров кој му  ја пренел веста.

– Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (С. Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе разговараат за Европскиот совет да ја отвори вратата за европска перспектива на регионот.

Борел присуствува на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан, што ја организира претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.