Ѓеогравската конфигурација на Балканот

 

Врз општествено-економските односи на праисторискиот Егеј многу влијаела географската конфигурација и еколошките промени на Балканскиот Полуостров. Во геолошките процеси на формирање на земјината кора, Балканот бил архипелаг од острови во океанот Тетис. Океанот се простирал помеѓу Африка и тогашната палео-Европа, вклучувајќи го Црното и Каспиското Море. Со поместување кон север на африканската плоча под морето, дошло до издигање на Динаридите и Карпатите

Во текот на неогенот, пред околу 25 милиони години, Панонското, Дакијското, Црното и Каспиското Море биле дел од Паратетис, епиконтитенталното море. Во горниот миоцен, со издигнување на планина кај Ѓердап се создала препрека помеѓу Панонското и Дакијското море. Во текот на овој период, Панонското Море станало внатрешено, т.е. епиконтинентално, затворено море, како и Каспиското, со низок салинитет од околните реки.

Во „понтското време“, врската помеѓу Панонското и Дакијското Море воспоставена е преку Ѓердап. Бидејќи нивото на Дакијското и Црното Море било 30-80 м пониско, Панонското Море се одлеало во Дакијското преку „железните врати на Ѓердап“, во митологијата познати како Посејдонови „бронзени капии“. Така е обновена врската помеѓу Панонското и Црното Море и формирана е големата Панонска низина со сливот на реките од Дунавскиот хидролошки систем.

Слични геоморфолошки промени се случувале и во пределите на Централниот и јужниот Балкан, особено во Тесалија, Беотија и Арголитската рамнина. Во врска со ова, Херодот наведува дека Тесалија некогаш била едно големо езеро, кое од сите страни било опколено со високи планини. Тоа било Бебеидското Езеро. Тесалијците тврдат дека Посејдон направил една клисура помеѓу планината Олимп и Ос, низ која протекува реката Пенеј што се влева во Егејското Море, каква што направил и на Ѓердап.

1 Херодот, Историја, VII, 129, Матица Српска, Београд, 1988.

Со време, помеѓу високите планинци венци високи и до 2500 метри, формирани се плодни котлини кои во праисториското и античкото доба го овозможиле формирањето на „полис-државите“.

Со формирање на Балканското копно, остатоците од океанот Тетис го опколиле полустровот од исток, југ и од запад со помош на пет мориња. На југот на полустровот, морето продрело во многу делови длабоко во континенталниот дел, правејќи заливи, ’ртови и острови што, исто така, влијаело врз формирање на посебни државички, развој на комуникациите и на трговијата. Овој процес го овозможиле и поголемите континентални реки.

Со повелкување на последниот леден прекривач пред 12000 години на Балканот и со поволните климатски промени се создале најдобрите услови за опстанок на поголема човечка популација на просторите на средно Подунајве, иако е најден и череп на Архантропус во пештерата Петралон (камено гумно) на Халкидики во Македонја, во близина на Солун, кој датира од 160000-750000 пред Христа.

konfiguracija2

II

АРХЕОЛОШКИ ОТКРИТИЈА

Археолошките наоди утврдиле дека првите поголеми човечки заедници на риболовци, ловци, берачи на плодови, а подоцна и на земјоделци, на просторите на Балканот ја развиле културата на Лепенскиот Вир на Ѓердап, една од настарите духовни манифестации во Европа, во периодот 8330-6700 пред Христа.2 На рушевините на културата на Лепенски Вир, како и долж Средно Подунавје, Морава, Вардар, Бистрица, Пенеј и Егеј во неолитот (6500-5500) никнуваат првите земјоделски населби со производство на разни предмети од печена земја, наместо од чакал/ситни каменчиња.

2 Срејовић, Д., Бабовић, Љ.: Уметност Лепенског Вира, Младинска књига, 1983.

Тоа се културите на Старчево, Течиќ, Падина, Рудник, Градина, итн. во Србија; Обра, Какањ, итн. во Босна; Караново, Бања во Бугарија; Породин, Анза, Вршик, Зелениково, Неа Никомидеа и Ситарги итн. во Македонија. Во Тесалија тоа се културите на Прото-Сескло и Сескло, Отзаки, Пирасос, Тзангли и др. Во континенталниот дел на Хаеронија, Елатија, Неа Макри, додека на Пелопонез – на Коринт и Лерна. Во халколитската или бакарно-камената култура помеѓу 5500-3100 пред Христа спаѓаат Винчанската култура за Централен Балкан, Карановата култура за Источен Балкан и Димини култура за Јужен Балкан.

На бреговите на Егеј енолитската култура (3100-1900) се равила како Минојска, Кикладска, Микенска или општа Хеладска кутура: како рана (2500-1900), средна (1900-1550) и доцна (1500-1200). Од анализите на археолошките наоди по епохи може да се констатира дека културата на Лепенскиот Вир е најстара и дека таа се ширела во вид на зраци на поголемиот дел на Полуостровот, до најјужниот дел на Балканот.

Носители на таа култура, јазик, религија, митологија, филозофија и етноними биле Хиперборејците и Борејците, а на тлото на јужниот Балкан познати како Еоли. Во натамошните анализи, пред да ја презентираме состојбата во преисторискиот Егеј, под поимот Егејска култура и тоа Димени, Минојска и Микенска, според областите јужно од 40 степени географска ширина, ќе ги изнесеме резултатите од нашите епистемолошки истражувања на ономастиката на Панонија, средното Подунавје од архетипкската култура на Лепенскиот Вир.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН