За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.
Вархеји нагласи ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со С. Македонија и Албанија бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени.
Проширувањето на Западен Балкан, според него, може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата што ги дала, а за тоа е неопходен побрз и подинамичен процес.
– За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола со максимално учество на земјите членки. Во спротивно ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес, предупреди Вархеји.