„Од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ е зборникот што Фондацијата Отворено општество – Македонија ќе го промовира денеска во Скопје.
Според Фондацијата, зборникот е сведоштво за едно време – невреме, кога Европа нѐ етикетирала како „заробена држава“ и кое од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе го запаметиме како „загубено време“.
-Авторите Васко Маглешов, Катерина Блажевска, Љупчо Поповски, Милка Смилевска, Владимир Милчин, Билјана Бејкова, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Сашка Цветковска, Менче Атанасова-Точи, Дејан Азески, Гордана Дувњак, Искра Новаковска и Назим Рашиди се сведоци на тоа време, коишто, пред сè, со својот збор, а некои и со активистичка работа се вградиле во објаснување на природата на претходниот режим, но и во неговото демонтирање, се наведува во соопштение на Фондацијата Отворено Општество.