Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е во завршна фаза, гарантирам за нејзиниот квалитет. Ќе понуди решение за многу реални проблеми, кои што во изминатиот период ги слушнавме од нашите соговорници. Дел од нив се однесуваат и на подобрување на условите за водење бизнис во земјава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во тек на денешната посета на Велес каде се сретна со раководниот кадар на успешните велешки фирми „АГРИА“ ,„Лутекс“ и „Ронтис“.
За нив е важно, како што рече, дел од искуствата кои што претприемачите од велешката општина ќе им ги пренесат да разгледаат дали и како можат да ги вклопат во концептот на предизборната програма, а којшто ќе понуди решение за овие реални проблеми.
Тој најави дека оваа недела ќе имаат и јавна промоција на дел од мерките, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот.
-Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот кој што следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори,потенцира Мицковски.
Во посета на успешните фирми во Велешко, како што рече, се за да слушнат која е формулата за нивниот успех и како таа формула да ја подобриме, односно да ги направиме уште поуспешни да вработуваат што е можно повеќе луѓе бидејќи само така може и државата и политичарите да имаат бенефит. Да поразговараме и за проблемите, бидејќи тие се успешни затоа што наоѓаат начин да ги решаваат најголемиот дел од проблемите, но секако остануваат и проблеми кои што се нерешени, односно кои што можеби ние како политичари можеме еве да помогнеме да се решат и тие проблеми , појасни Мицковски.