Поставени темели за нов конак во Лешочкиот манастир

Во манастирскиот комплес Свети Атанасиј во тетовски Лешок денеска се изврши осветување и положување камен темелник за нов конак. Објектот ќе се гради кај влезот во комплексот на местото каде порано беа помошни простории и остава од манастирот.

-Овој конак се гради со манастирски средства. Постоеше потреба за еден посовремен конак каде што би можело да се сместат посетители, да се одржуваат состаноци на црковно ниво, да има апартмани за престој на владиците, кујна и трпезарија. Ќе биде на два ката, а приземнито дел ќе биде изграден со камен како што беше и претходниот објект, истакна отец Александар Стојановски.

Чинот на осветување на камен темелникот го изврши архиепископот Охридски и Македонски  г.г Стефан во сослужение на митрополитот тетовско-гостиварск г. Јосиф, брегалнички г. Иларион,  кумановско-осоговски г. Јосиф како и други свештени лица. Овој повод е достоен за македонската духовна тврдина во Пологот, рече Архиепископот.

-Лешочкиот манастир е духовен извор од кој се напојувале генерации правослвни богољупци. Манастирот е неоткинливо поврзан со својот историски корен. По Лешочкиот манастир се гледа чии се и колу се длабоки корените на овие простори и каков е идентитеот на овој крај. Кога сакале во историјата да го замолачат овој сведок на нашата вера и прибежиште на нашиот народ, но не успеале да ја уништат вистината, зошто и урнатиот камен и затрупаните темели сведочеа за вистината а и новоизграденото ќе продолжи да сведочи, истакна во пригодниот говор г.г Стефан.

Објектот ќе претставува западно крило на конакот и ќе има 750 квадратни метри на два ката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *