Невладината организација „Еко Герила“ денеска повика Шар Планина за да биде прогласена за Национален парк. Според нив, завршена е постапката за валоризација на тимот на експерти кои дале позитивна оценка за постапката.
– Екипата на експертите даде препорака дека оваа територија треба да биде прогласена за Национален парк за да се заштитуваат флората и фауната, различните природни ресурси, вклучувајќи и различни минерали но и плановите за развој на секоја засегнатата општина под територијата на Шар Планина. Ја повикуваме Владата да ја достави одлуката на експертите пред пратениците и да ја прогласат Шар Планина за Националниот парк, со цел да се официјализира оваа одлука и да ги почитуваат оценките и заклучоците на експертите за внатрешното зонирање на паркот, истакна Аријанит Џафери од „Еко Герила“ на денешната прес-конференција.
Од организацијата посочуваат дека постојат страни кои сакаат да го спречат прогласувањето на Шара за национален парк.
-Според наши информации постои некаков облик на притисок од страна на интересните групи вклучени во изградбата на мали хидроцентрали субвенционирани од даночните обврзници кои бараат да го спречат прогласување на Шар Планина за Националниот парк додека не ги реализираат своите проекти и да ги уништат околината и реките на Шара. Овој вид на притисок или лобирање од страна на хидро-мафијата не треба да биде земен предвид од граѓаните и Владата, вели Џафери.
Прогласување на национален парк ќе значи давање предност на природната разноликост, велат од „Еко Герила“.
-Тие треба да дадат приоритет на заштитата на разни растителни и животински видови на планината Шара, заштитата на водните ресурси за жителите на подрачјата околу планината, а исто така и заштитата на шумите од масовната сеча. Интересите на граѓаните и жителите на заштитеното подрачје треба да бидат приоритетни во однос на интересите на мафија на хидроцентралите која уништува природни ресурси со државни субвенции, односно со пари на граѓаните, рече Џафери.