Осумстотини и деведесет стечајци поднеле барање до Центарот за вработување Куманово за остарување на право на месечен надоместок, информираа денеска надлежните од оваа институција.
Рокот за поднесување на барањата завршува утре.
– Согласно член 6,од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата. Останува можноста да поднесат барање до утре, изјави раководителката на кумановскиот Центар за вработување, Марија Димитриевски.
Стечајците можеа да поднесуваат барање од 17 -ти јануари годинава.
Претходно членовите на здружението на стечајци, „Унит“ од Куманово изразија задоволство од усвојувањето на измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата. Право на користење на надоместок имаат лицата кои биле вработени во државни претпријатија кои имаат 15 години стаж, 52 години старост за жени, 55 за мажи. Оние кои ги исполнуваат условите ќе добиваат паричен надоместок од 34 проценти од просечно исплатена нето по работник во државата, се до нивното пензионирање.