Проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан, била една од темите за кои разговарале претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната работна вечера одржана синоќа во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцентот на средбата бил ставен на повеќегодишната финансиска програма на Европската унија, а од останатите теми, опширно се разговарало и за Турција, Либија, како и за европската перспектива на Западен Балкан во пресрет на Самитот на ЕУ во март.