НАТО работилница со претставници од делегација на Обединетото Кралство во НАТО ќе се реализира денеска во Министерството за надворешни работи.
На работилницата, како што е најавено, ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.
Целта на работилницата, информираат од Министерството за одбрана, е пренесување на искуствата и најдобрите практики за прилагодување на работните процеси на Постојаната мисија на Република С. Македонија во НАТО и надлежните државни институции со обврските претстојното полноправно членство.