Во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 18.30 часот ќе биде промовирана поетската книга „Молецот и далечната месечина“ од Вања Таневски.
Таа е втора стихозбирка на младиот автор и дипломиран професор по македонски јазик, кој во 2010 година ја објави и „Крунисување на тажната смеа“.
Неговата нова книга поезија ќе ја промовираат Васил Тоциновски и Златко Гелески.