Политичкиот директор на Рос-рот и координаторката на семинарите во посета на Скопје

Политичкиот директор, задолжен за Рос-Рот семинарот во Скопје, Хенрик Блидал и координаторката на овој вид семинари, Роберта Калорио денеска престојуваат во посета на Скопје.

Блидал и Калорио ќе имаат средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со шефот на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО и членовите, Илија Димовски и со претставници на службата на Собранието, надлежни за организирање на семинарот.