Граф: Борбата против нелегалните финансиски текови е од суштинско значење

Глобалната програма за борба против нелегалните финансиски текови, финансирана од германското Федерално министерство за економска соработка и развој и норвешкото Министерство за надворешни работи, денеска во Скопје го објави почетокот на новата фаза на соработка во борбата против нелегалните финансиски текови во Западен Балкан.

На настанот беа присутни домашни и меѓународни експерти кој разменија искуства за глобалните и регионалните перспективи во борбата против незаконските финансиски текови и да разговараат за работниот план на Програмата за Албанија, Косово, Црна Гора и С. Македонија за 2020-2022 година.

Борбата против нелегалните финансиски текови е од суштинско значење за аспирантите-членки на ЕУ, како што е Западен Балкан, но таа е важна и за Германија како поддржувач и партнер на овој регион. Ние сме многу среќни што соработуваме со Норвешка на оваа тема затоа што тоа значи дека две перспективи од две држави ќе придонесат за процесот, наместо само една, рече Ото Граф, заменик-шеф на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

Според Анет Бул, заменик-директорка за Југоисточна Европа во норвешкото Министерство за надворешни работи, борбата против недозволените финансиски текови бара сериозно партнерство, активности и силна волја затоа што силите од другата страна се добро организирани и подготвени.

– Оваа иницијатива има намера да им даде можност на нашите партнери да се борат против незаконските финансиски текови, да обезбедат платформа за дискутирање на решенијата и обединување на регионот зад заедничката цел,“ рече Бул.

– Ние ги разбираме нелегалните финансиски текови како глобален предизвик на кој му е потребен глобален одговор. Затоа ја охрабруваме националната, регионалната и глобалната соработка и размената на искуства. Денешниот настан е почеток на ново партнерство меѓу Норвешка и Германија во борбата против недозволените финансиски текови во регионот. И двете влади ја искажуваат својата посветеност за заедничко вклучување во оваа борба и ГИЗ има чест да се приклучи на ова партнерство како имплементирачка агенција, рече шефот на Програмата за борба против нелегалните финансиски текови, Јоханес Фергусон.

Програмата за борба против недозволени финансиски текови се фокусира на запирање на перењето на приходите од криминалот, и ставање крај на придобивките од незаконските активности. Таа ги поддржува партнерите да го подобрат усогласувањето со важните меѓународни стандарди, како што се  борбата против перење пари и борбата против финансирање на тероризмот, кои се стандарди на Работната група за финансиска акција. Ова вклучува и подобрување на транспарентноста на бизнис сопствеништвото, воспоставување на регистри на банкарски сметки, спречување нелегален транспорт на готовина, ангажман на граѓанското општество, развој на капацитети за спроведување на законите преку соработката со со истражните оддели во Царинската управа, единиците за финансиско разузнавање и судските академии, меѓу другите.

Програмата се спроведува во Латинска Америка (регионална канцеларија во Перу), Африка (регионални канцеларии во Кенија, Сенегал и Тунис) и Западен Балкан (регионални канцеларии во С. Македонија и Албанија) – сите во постојана координација со глобалниот центар со седиште во Германија.