Куманово и Гњилане повторно ќе соработуваат и ќе реализираат два заеднички проекти, во вкупна вредност од над милион евра, финансирани од ЕУ, информираа на денешната средба во општината, градоначалниците Максим Димитриевски и Љутви Хазири.
– Проектот, „Зајакнување на вредности на културно и природно наследство во општините“, е во износ од 477.000 евра, а се однесува на изградба на игралишта, амфитеатар, трим патеки и други содржини наменети за граѓаните на Спомен Костурницата. Вториот проект „Оджливи еколошки и здравствени придобивки од прекуграничната област“ во кој покрај општините, вклучени се и ЈП „Водовод“ и „Хидро Морава Гњилане, информирше градоначалникот Димитриевски.
Со вториот проект, во вредност од 552.000 евра, се предвидува да се реши комплетната подземна инфраструктура од градската џамија, се до автобуската станица во Куманово. Дополнителни средства се обезбедени за набавка на 150 контејнери за отпадоци.
Димитриевски истакна дека двете општини веќе имаат реализирано успешни проекти за реконструкција на градските пазари и за вмрежување на производителите.
Неговиот колега, Незири додава дека двете општини добиле два проекти што ќе се реализираат наредните две години.
– Благодарение на успешната реализација на претходните проекти во тешка и силна конкуренција ги добивме и овие два проекти од прекуграничната соработка од ЕУ. Овој грант од над милион евра е од граѓаните на ЕУ, преку ИПА 2 програмата, рече Незири.
Тој смета дека на овој начин преку соработката на општините се продлабочува соработката и помеѓу државите од регионот. Ваквите проекти, додава Незири, придонесуваат за поврзување на граѓаните, на робата, на бизнис заедницата, а се надева дека и финализирањето на граничниот премин Станчиќ -Белановце ќе придонесе за уште поинтензивно поврзување на граѓаните, на робата.
– Економската зоната во Куманово е една од поголемите во триаголникот Македонија, Косово, Србија, за што интерес имаат бизнисмени од Гњилане и регионот за поголема економска соработка, рече Незири.
Двајцата градоначалници веруваат дека и во иднина ќе реализираат успешни прекугранични проекти од кои бенефит ќе имаат жителите на Куманово и Гљилане.
Димитриевски информираше дека долгогодишната соработка со Гњилане ќе се заокружи со потпишување на документ за збратимување.