Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска денеска отпатува во Република Полска каде што денеска попладне, како предводник на делегација на Република С. Македонија, заедно со претставник на Еврејската заедница од нашата земја ќе присуствува на „Одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау“.
На комеморацијата ќе присуствуваат голем број членови на кралски семејства, претседатели, премиери, министри и други официјални лица од меѓународните организации и од држави од Европа и светот.
Официјалните активности поврзани со „Одбележувањето на 75-годишнината на ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау ќе започнат со обраќањето на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што следува и главното обраќање од преживеани лица од Аушвиц.
Со одлука на Генералното собрание на ООН 27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.