Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски со своите соработници, комунални екипи и локалното население денес санираа најголем дел од оштетувањата предизвикани од излевањето на реката Црна на подрачјето на таа општина.
Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека стручни тимови и механизација, како и со помош на локалното населени санирани се проблемите на патот во селото Базерник, извршени се поправки на локалниот пат кој води до селото Мало Илино, а на барање на граѓаните се интервенирало и на други места.
Водостојот на Црна Река е стабилен, но состојбата со речното корито ќе се следи заради најавата од нов дождовен бран, информираат од тамошната локална самоуправа.