Во екот на многуте средби со дипломати, Претседателот на НДП г. Весел Мемеди, заедно со Генералниот Секретар г. Сухејл Фазлиу и потпретседателот г. Суад Ибраими, реализираа официјална средба со косовскиот амбасадор во Скопје, г. Ѓерѓ Дедај и заменик шефот на косовската амбасада г. Флорим Гаши.
На оваа средба, Претседателот Мемеди го извести амбасадорот на Република Косово за новата екипа на НДП, партиската платформа и за други политички прашања кои се значајни за општествената организација.
Претседателот Мемеди го извести амбасадорот г. Дедај за сите активности на НДП, и потенцира дека во клучните моменти за земјата и албанската нација, НДП даде многу конструктивен придонес и тоа во три моменти, Договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанскиот договор и Законот за употреба на јазици. Претседателот Мемеди потенцира дека нема дилема дека Национална Демократска Преродба ќе продолжи и понатаму ви линија на предците и прогресивните сили во земјата.
Амбасадорот на Косово г. Дедај и се заблагодари на претседателот Мемеди за посетата, и му честиташе за конструктивноста на НДП, исто така истакна дека парламентарните избори на 12 април во С. Македонија е добра можност за зајакнување на демократијата и европската перспектива на Република С. Македонија.