Преспанскиот договор создаде механизми за решавање на други отворени прашања меѓу С. Македонија и Грција, изјави универзитетскиот професор Цане Мојаноски, гостувајќи во емисијата „Утрински Брифинг” на Слободна ТВ, при што меѓу другото оцени дека црковните прашања веќе не се само во доменот на приватноста, бидејќи се поврзуваат со општествени состојби.
– Отворањето на прашањето ќе добие на динамика. Има една долга традиција на Христијанство на овие простори. Веројатно отворањето на прашањето значи дека се бараат решенија кои се утврдени во нивните канонски правила и тоа ќе резултира со решение. Тоа во моментов е тешко да се прочита. Се надеваме дека за нашите потреби ќе значи решавање на едно прашање кое 50 години е присутно. Приближувањето кон ЕУ подразбира затворање на сите отворени прашања”, изјави Мојаноски.
Гостин во емисијата беше и новинарот Бранко Ѓоревски, кој со професорот Мојаноски дебатираше за односните меѓу СПЦ и МПЦ-ОА, по повикот на весленскиот патријарх Вартеломеј до двете цркви да работат на решавање на прашањето за афтокефалноста на МПЦ-ОА.
Ѓоревски изјави дека е оптимист и смета дека годинава ви требало да се реши ова прашање.
– Мислам дека СПЦ нема да отиде на средба во Вселенската патријаршија, бидејќи тоа би значело дека таа би имала мандат да решава околу споровите. Нешто што СПЦ не го дозволува, но сепак смета дека со тоа што нашето прашање е ставено на маса, Вселенската патријаршија сега настапува како Апелациски суд. Мислам дека до крајот на годинава ќе се реши прашањето, рече Ѓорѓевски.
Според него, Преспанскиот договор помогнал кога се работи за црковното прашање и откако е потпишан ГПЦ е наклонета кон МПЦ-ОА.