Спикерот Џафери се сретна со новиот турски амбасадор Секизќок

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Турција во С.Македонија, Хасан Мехмет Секизќок, кому му посака успех во извршувањето на дипломатската мисија и изрази задоволство од високото ниво на билатералните односи меѓу двете земји, особено од плодната соработка меѓу двете собранија.

– Истакнувајќи го значењето на парламентарната дипломатија, претседателот Џафери ја нагласи меѓусебната поддршка во рамките на меѓународните собранија, а особено во Парламентарните собранија на НАТО и на Процесот на соработка во Југоисточна Европа. Како многу значајна ја оцени и соработката на двете земји во областа на одбраната, нагласувајќи дека наши војници се дел од турскиот контингент во мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Истовремено, тој се заблагодари на брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Република С. Македонија во НАТО од страна на Големото национално собрание на Република Турција, соопшти Кабинетот на собранискиот претседател.

Џафери го информираше амбасадорот дека во собраниска процедура е Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во државава и чија цел е подобрување на имплементацијата на правата и употребата на јазиците на заедниците, меѓу кои и на турската заедница во земјава