Ракометниот клуб Вардар, кој е актуелен европски шампион е на најдобар пат да стане просечна екипа, откако најголемиот број ракометари веќе најавија негово напуштање.
Најновиот на таа листа е голманот Арпад Штербик, кој потпиша двогодишен договор со Веспрем, иако претходно беше најавено негово пензионирање.
Лука Циндриќ најави дека од јануари минува во Кјелце, а тренерот Раул Гонзалес го презема ПСЖ. Илија Абутовиќ е пред потпис со Рајн Некар Левен, а Хорхе Македа иако има неколку понуди од Германија, најверојатно ќе мине во ПИК Сегед. Најверојатно и Жоан Канељас ќе мине во редоите на Хановер, а Мијајло Марсениќ речиси сигурно ќе продолжи во Бундеслигата.
Црногорецот Вуко Борозан изјави дека ќе остане во Вардар, но го “бара половина Европа”, па ништо нема да биде чудно ако во јуни следната година и тој ги спакува коферите.