ДИК: Гласање во дијаспората само ако се пријават над 6.700 избирачи

Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

-Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората, појасни претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Средствата кои се предвидени за оваа намена, рече, ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората.

На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари.