– Преку проектот Петровски го критикува современото дехуманизирано општество, осврнувајќи се на колективната и личната одговорност изгубена во денешнината на информацискиот хаос. Уметникот ги преиспитува цивилизациските вредности, деценските кризи, деструкција та од секаков тип и уништувачкиот хаос кој речиси секогаш е неповратен. Уметникот не претендира на визуелни претстави кои би понудиле толкувања или решенија на проблемите, туку верува дека тие ќе генерираат повеќе прашања во однос на проблемите на личната свест и совест во денешнината, пишува, меѓу другото, кураторот Маја Чанкуловска-Михајловска.
Страхил Петровски (1974, Куманово) дипломирал сликарство во 1997 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Неговата уметничка практика опфаќа повеќе форми и медиуми на изразување, како сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност.
Во последните години користи теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања. Голем број негови дела се наоѓаат во јавни и во приватни колекции, вклучувајќи музеи и галерии во земјава и во странство. Член е на ДЛУМ, работи како советник конзерватор и реставратор во Националниот конзерваторски центар и како доцент по предметите Фотографија и Мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.