Првото новороденче во Струмица е женско и се роди во првата минута од Новата година. На свет го донесе мајката Сандра Тошева од село Муртино, Струмичко, а породувањето го извршил гинекологот д-р Дончо Москов.
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ја посети родилката и и врачи пригодни подароци, како и штедна книшка со влог од 20 илјади денари.
Според портпаролот на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, новогодишната ноќ на територијата која ја покрива овој сектор поминала мирно и без инциденти.
Од Итната медицинска помош во Струмица информираат дека изминатата ноќ поминала релативно мирно и без некои поголеми интервенции.