Во Берово и Македонска Каменица на полноќ градоначалниците на двете општини ги посети дежурните служби, кои согласно своите надлежности, работеа и за време на новогодишната ноќ. Во Берово градоначалникот Звонко Пекевски направи обиколка на неколку институции кои дежураа за новогодишната ноќ и притоа им додели подароци.
-Како и минатата година така и оваа ги посетив Медицинскиот персонал кој работи во склоп на Итната медицинска помош, пожарникарите од ТППЕ Берово, кои работат 24 часа, полициските службеници од општа надлежност Берово, дежурниот работник од Јавното претпријатие ,,Услуга” Берово на филтер станицата, дежурниот работник во пречистителната станица за одпадни води и за дежурниот работник во Домот за стари лица д-р. Иван Влашки и обезбедувањето во Општината од Никоб. На сите им посакав Новата 2020 година да им донесе многу здравје и успех, лична и семејна среќа, изјави Пекевски.
Во пресрет на новогодишната ноќ, заедно со претставници на Рудник Саса и директори на општински институции, градоначалничката на Општина Македонска Каменица Соња Стаменкова ги посети дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните. Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба.
-Во текот на посетата, се информирав за подготовките кои овие служби ги имаат направено за се да помине во најдобар ред на новогодишната ноќ и во текот на празничните денови. Воедно им ги честитав претстојните празници на вработените во дежурните служби подарувајќи им пригодни скромни подароци, информира Стаменкова.
Во Македонска Каменица беше организиран и заеднички дочек на Новата 2020 година. За присутните на градскиот плоштад беа обезбедени топли пијалоци, а за забавата се погрижи локален бенд.