Македонскиот репрезентативец од редовите на Вардар, Бобан Николов, е со големи шанси од јануари да се пресели во редовите на најдобриот бугарски клуб, Лудогорец. Веќе подолго време скаутите на Лудогорец го следат Николов, а нескриена желба да го види во редовите на своите фудбалери покажал и тренерот Димитар Димитров.
Претставниците на Лудогорец на 7. декември ќе бидат во Скопје на натпреварот меѓу Вардар и Роземборг, и нема да биде ништо чудно ако конечниот договор падне токму по таа средба.
Инаку откупната клаузула за Николов изнесува 700 000 евра, сума која Лудогорец е подготвен да ја плати.
Инаку доколку Николов замине во Бугарија, Македонија ќе има претставник во ЛШ, со оглед на тоа што оваа екипа е во моментов втора во својата група и против Хофенхајм ќе и биде доволен само бод за пласман во нокаут фазата.