РАКОМЕТАРКИТЕ НА “ТРОФЕЈ КАРПАТИ”

Женската ракометна репрезентација на Македонија, од денеска па до недела ќе учествува на традиционалниот меѓународен турнир “Трофеј Карпати” што се одржува во Романија. Покрај нашата селекција на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Романија, Бразил и Полска, три репрезентации кои се пласираа на завршниот турнир на СП кое од 1-17 декември ќе се одржи во Германија.

Денеска нашата репрезентација во 16 часот ќе се сретне со Бразил, а во вториот дуел се среќаваат Полска и Романија.

Утре на програмата се натпреварите Македонија – Романија од 15 ч, и Полска-Бразил, а во недела Македонките ќе го играат последниот натпревар против Полска, почетокот е во 13 часот.