Премиерот Зоран Заев најави објава на повик за реализација на проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен откако на следната седница на Владата в сабота ќе заврши административниот процес.
– Проектот за Чебрене помина на Влада, а на следната седница в сабота ќе биде завршен административниот процес и ќе биде објавен јавниот повик, рече Заев во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат М.
Бараме, дополни Заев, приватен партнер во јавно приватно партнерство. Се работи за проект меѓу 500 и 800 милиони евра каде Електрани на С. Македонија ќе влезе со свој удел. Со градбата на Чебрен добиваме преку 420 мегавати струја, сериозен капацитет кој може да биде регионален балансер, а не само за државата. Тоа е сериозен акомулациски државен капаците кој останува трајно добро и капитална придобивка за сите граѓани, наведе Заев.
Тој очекува во првиот квартал следната година да почне практичната реализација на проектот за автопатот Скопје – Блаце, а за чиј прв дел денеска заврши тендерот и тече 10 дневниот рок за жалби.
Премиерот воедно повтори дека треба да има избори, но оти нема да дозволат блокирање на платите и пензиите заради изборни калкулаци. -Избори ќе има и треба да има. Најповеќе заради економијата, заради планирањето на стопанството, на компаниите, на домаќинствата…треба да има, но впрочем, тоа е причината и зошто може да се одложат, ако некој ги загрози токму тие економски планови…Затоа реков, дека нема да дозволиме, некој, на недозволив начин, на скриен начин, да ги блокира платите, пензиите, економските политики, инвестициите…, сѐ со цел некакви изборни калкулации или слично, рече Заев.