ФИТР со нови грантови за задржување на младите во државата

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска беше промовиран новиот јавен повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ – СтартАПувај2”, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Обезбедни се средства во висина од 1,5 милион евра во соработка со Светската банка.

– Во УЈИЕ денеска го почнуваме новиот јавен повик на Фондот за иновации и техонолошки развој наменет за старт ап компании, пред се, за младите. Износот на повикот е 1,5 милион евра кои ги вметнавме со измените во програмата пред два месеца благодарение пред се на интересот што го добивме од страна на млади луѓе кои се јавуваа и прашуваа. Така што ова е одговор на тој интерес. Мене ми е драго што имавме доста млади луѓе кои што дојдоа и поставуваа прашања и пројкавија интерес за аплицирање на јавниот повик, изјави Јован Деспотовски на ФИТР.

Првиот човек на Фондот потенцира дека младите се повеќе сакаат да основаат свои фирми во родната земја. И новиот повик е резултат на заинтересираноста за добивање грантови и поддршка.

-Целта на јавниот повик е да поттикнеме што е можно млади луѓе да формираат свој бизнис, тоа значи да останат во нашата држава, да го развијат тој бизнис и секако да дадат додадена вредност. Она што го кажавме како порака денес-ги охрабруваме да преземат ризик. Бидејќи во овој случај државата ги поддржува со до 85 проценти од инвестицијата што треба да го направат. Така да ризикот го презема државата за овие млади луѓе. Целта е да се поттикнат што е можно поголем од нив да размислуваат не за заминување туку за останување во државата. Не за работа во јавниот сектор туку за почнување на сопствен бизнис, рече Деспотовски.

Во изминатата година и полoвина се финансирани  над 100 стартап компании со 2,5 милиони евра.