Честитка од Пендаровски по повод католички Божик

Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

-Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар да го честитам големиот христијански празник – Божик. Посакувам денот на Христовото раѓање да ни донесе среќа, здравје, радост и да ја засили нашата верба и надеж во подобро утре. Токму во деновите на празникот кој се минува со најблиските и кога нашите домови и срца се исполнети со светлина и топлина, да шириме љубов и хармонија во нашите семејства, но и да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа. Христос се роди. Нека ни е честит Божик!, се посочува во честитката од Пендаровски.