Во Стопанската комора средба за зголемување на економската соработка со Србија

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се разговара за начините како да се зголеми економската соработка со соседна Србија.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак-Томиќ, претседателот на Управниот одбор на „Алкалоид“ и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на „Свислион“ Александар Јањиќ.