Честитка од директорот на КОВЗРГ по повод католички Божик

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Даријан Сотировски упати телеграма со честитки по повод празникот Раѓање Христово – Божик до бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор Киро Стојанов, свештенството и монаштвото на Католичката црква во земјава, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар.

– Дозволете во овие возвишени празнични моменти од името на македонските граѓани и од свое име да Ви ги пренесам искрените честитки по повод Христовото рождество- Божик и да Ве поздравам со Христос се роди! Љубовта како врвна христијанска одлика да ги исполни нашите срца овие празнични денови.

Празничната радост да ги сплоти христијанските народи и да ги поттикне на разбирање, солидарност и соработка, се вели во честитката од Сотировски по повод католички Божик.