Зендели: Изборите се веќе договорени и не треба да се условуваат

 Изборите се веќе договорена работа меѓу политичките партии и кај претседателот на државата и не треба да се условуваат со било какви донесувања на суштински закони, така како што рекол премиерот, изјави денеска пратеникот Фадил Зендели од БЕСА.  

-Владата задоцнува во реализирањето на својата програма. Задоцнува во доставувањето на многу проекти што требаше порано да се достават до Собранието и сега не треба да се бара некакво образложение во некои суштински закони за да се одложат изборите. Изборите треба да се одржат така како што се договорени политичките партии и во таа насока, и како Собрание и како Влада, сите треба да се движиме, рече Зендели во прес-центарот на Собранието.