ПОЗНАТИ ТРИ ПОЛУФИНАЛИСТИ

Екипите на Академија Пандев, Ренова и Пелистер се пласираа во полуфиналето на македонскиот национален куп, откако денеска во реванш средбите од ова натпреварување ги минаа своите противници.

Академија Пандев по втор пат го совлада Тетекс, овојпат во Струмица со 4-1. Првата средба во Тетово заврши со победа на струмичани од 2-0. Ренова направи пресврт против Скопје. Скопјани водеа со 1-0, но сепак загубија со 1-2. Првата средба Ренова ја доби со 2-0. На третиот натпревар победник немаше. Во Прилеп, Победа и Пелистер одиграа нерешено 2-2, но поради победата од првата средба од 5-2, во полуфиналето одат битолчани.

Последниот полуфиналист ќе го добиеме откако Шкендија ќе одигра два натпревари со победникот од дуелот меѓу Вардар и Шкупи.