Почнува Фестивалот на чајот и читањето

Во пресрет на одбележувањето 146 години од раѓањето на Гоце Делчев, во Културниот центар „Феникс“ денеска од 12 часот ќе се одржи книжевна средба на која со родољубива поезија ќе настапат десет македонски поети.

Со овој настан ќе почне традиционалниот Фестивал на чајот и читањето, кој го организираат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Фестивалот на чајот и читањето ќе трае до 8 март, кога ќе се одржи и вечер на љубовна поезија. Во рамки на овој фестивал е и соопштувањето на меѓународната награда „Гоцева мисла“. Годинава таа им припадна на писателите Ристо Василевски од Македонија, Елка Наголова од Бугаријаи и Суат Енѓулу од Турција.