Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе присуствува на отпочнувањето на работите за изградба на сточарска фарма „Голд Ланд“ во село Славеј, во околината на Прилеп.
На настанот свои обраќања ќе имаат и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.