Данела Арсовска дел од Глобалниот комитет на жени лидери со кој претседава внуката на Мандела

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска е дел од бордот на Глобалниот комитет на жени лидери со кои претседава Свати Мандела, внуката на Нелсон Мандела.

Покрај Арсовска, во Комитетот членуваат уште 11 светски познати личности како што се Аменах Гуриб-Факим, шестиот претседател на Република Маурициус, како и Мари-Кристин Огли, претседателот на Светската асоцијација на жени претприемачи.

За Арсовска, е гордост и чест да се биде дел од Глобалниот комитет на жени лидери.

– Со Сојузот направивме многу за интернационално да постигнеме успеси во економската соработка и меѓу првите дигитализиравме дел од алатките за меѓународна трговија. Со успех во работата го истакнавме фактот дека и покрај тоа што сме само неколку жени во светот претседатели на национални комори, можеме да промениме многу и да придонесеме за општо добро, вели Арсовска.

Според Свати Мандела, се уште постојат предизвици со кои се соочуваат жените, а жените лидери имаат одговорност да го прифатат статусот на пример во општеството и да ги адресираат предизвиците.

– Жените работат според постојните правила на работното место и имаат дополнителна пречка од перцепциите на општеството за тоа како треба да се однесуваат. Можеби образованието и практиките намалија некои од невидливите навики дека не може жена да биде во лидерска улога, сепак се уште постојат предизвици, истакна Мандела на назначувањето.

Глобалниот комитет на жени лидери на едно место ги собира највлијателните жени лидери во светот со цел да ги адресираат предизвиците на денешницата, да поттикнат соработка и да генерираат иновативни решенија за зајакнување на светската економија.

One thought on “Данела Арсовска дел од Глобалниот комитет на жени лидери со кој претседава внуката на Мандела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *