Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека со двотретинско мнозинство во Парламентот ќе го укинат Преспанскиот договор.
-Со двотретинско мнозинство во парламентот, го укинуваме Преспанскиот договор, рече Мицкоски во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.
Во врска со остранувањето на сликите со Никола Груевски од седиштето на партијата, Мицкоски рече дека не се острануваат само сликите со поранешниот лидер, туку и други, а се ставаат слики со содржини и луѓе, кои оставиле белег во историјата.