Судски совет бара претседателите на судовите да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети

Судски совет на Република С. Македонија во допис до претседателите на судовите бара од нив во рок од една недела да му достават податоци за бројот на стари нерешени предмети и застарени случаи.

Во соопштението потпишано од претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се наведува дека интерес на враќање на довербата на граѓаните во судската власт, согласно одредбите од членот 36 од Законот за Судскиот совет, Судскиот совет бара известување од Претседателите на судовите:

– за бројот на стари нерешени предмети по години, видови и судии

– застарени кривични предмети со образложени причини за застарување и

– какви мерки се преземени од претседателот на судот за решавање на старите предмети согласно програмата и акцискиот план за спроведување на програмата

Погоре наведениет податоци, се вели во соопштението, до Судскиот совет треба да се достави до 27 декември годинава.