Наградата „Јасмин“ нема да ја добие ниеден од кандидатите за 2019 година

Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие  државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Одборот за наградата, со кој претседаваше Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.