Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро ја осудува одлуката на Уставниот суд да не им дозволи на новинарите и на снимателите да ја проследат средбата меѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Овој преседан е жесток удар врз правото на граѓаните преку медиумите да се информираат за најактуелните проблеми што директно ги засегаат. Дополнително, институцијата што треба да биде меѓу најугледните во едно демократско општество со овој потег создава лоша пракса на нетранспарентност којашто може да ја следат и другите.
ССНМ се надева дека ова ќе остане изолиран инцидент и апелира до Уставниот суд во иднина да не дозволи да се случи ваков или сличен преседан.