Фонд за иновации и технолошки развој и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој двете агенции се обврзуват заеднички да работат на зголемување на можностите на младите лица во државата.
Целта на овој меморандум, како што соопштуваат од ФИТР, е засилување на позицијата на младите во држвава, преку креирање обуки и трензинзи за зголемување на нивната вработливост и поттикнување на нивните потенцијали за развој на вештини што им се потребни за да оформат сопствен бизнис или пак за да добијат работа. Преку оваа соработка треба да им се овозможи на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата и создавање на бизнис ориентирана младина, што е еден од столбовите за самоодржливост на земјата.
Меморандумот го потпишаа директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и Ерик Јановски, претставник на УСАИД за држвава, кои изразија подготвеност за заедничко делување и искрена соработка во ова поле.
Во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој, ФИТР, стои во соопштението, покажува дека како држава активно работиме на зголемување на можностите и поттикнување на младите да создаваат успешни приказни дома наместо да ја гледаат својата иднина во странство.Со ваквите програми нудиме соодветна финансиска поддршка и менторство да ги реализираат своите иновативни бизнис идеи.
Директорот Деспотовски истакнал дека ФИТР досега има инвестирано во над 100 стартап компании преку неколку инстурменти за поддршка, а најави дека наскоро ќе објават и нов повик за поддршка на стартап компании со зголемен буџет од 1,5 милиони евра. Посочил дека заедно со американските партнери работат и на засилување на социјалното претприемништво во нашата земја, преку конкретни образовни програми чија цел е поттикнување токму на овој вид претприемништво и развивање меки вештини.
Претставникот на УСАИД за нашата земја Јаноски истакнал дека преку ваквото партнерство, заедничка цел им е да инспирираат и подготвуваат млади луѓе да успеат во глобалната економија, преку развој и импелентација на програмите за претприемничко образование, финансиска писменост и работна подготвеност.
Со меморандумот за соработка, ФИТР и УСАИД меѓу другото се обврзуваат да спроведат неколку иновациски кампови во учебната 2019-2020 година, да реализираат национален натпревар за најдобра студентска компанија, да организираат обуки за средношколски професори преку програмата „Џуниор Ачивмент“, и поддршка за добитниот тим од националниот натпревар за најдобра студентска компанија да учествува на меѓународниот натпревар за најдобра студентска компанија за оваа академска година.