УЈИЕ со панел дискусија го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

„Младите и човековите права“ беше темата на Панел-дискусија, која беше организирана денес по повод Меѓународниот ден на човековите права на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Панелистите беа експерти на темата, студенти и средношколци.

Овој ден не случајно се одбележува на Универзитетот на Југоисточна Европа, бидејќи основањето на овој универзитет е поврзано со една од точките на Универзалната повелба за човекови права, што е право на образование на мајчин јазик, истакна заменик-ректорот за меѓународна соработка и истражување, проф.д-р Беса Арифи.

-Човековите права се поврзани со другите услови за живот во едно општество. Без силни институции и владеење на правото, немаме начин да размислуваме дека човековите права се целосно почитувани. Друго е потпишување изјава, а друго е нејзина имплементација во пракса, посочи проф. Виѓиленца Абази.

Раководителот на секторот за јавни дејности во општина Тетово, Ахмед Ќазими, зборуваше за човековите права и образованието, додека Меваип Абдиу зборуваше за влијанието на медиумите врз човековите права.

-За човековите права и слободата на верување дебатираше Мафиз Рустеми, додека во име на Секторот за внатрешни работи претставник беше Фатмир Реџепи. Студентката Анила Пајазити имаше многу мотивирачки говор за младите луѓе и нивните права. На истата тема зборуваше Олтион Есати, во име на Локалниот младински совет и Евридит Фетаху од Унијата на средношколци, соопштија од УЈИЕ.

Панел дискусијата беше организиран од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *