Тркалезна маса за формирање регионален енергетски пазар преку подобрување на енергетската поврзаност помеѓу Северна Македонија и Бугарија ќе се одржи попладнево во Клубот на пратеници во Скопје.
Тркалезната маса ја организираат Македонско – бугарската стопанска комора и Бугарско – македонската трговско индустриска палата, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.