Свечена заклетва на 53 нови американски волонтери во земјава

Педесет и три американски волонтери на Мировен корпус денеска во Скопје ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Република Северна Македонија.

Новите волонтери, како што најавува Мировниот корпус, ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто досега служеле во земјата.

Во соопштението на Мировниот корпус се посочува дека ова е 24-та група на волонтери што ќе живеат и работат во Република Северна Македонија, од отворањето на канцеларијата во земјава во 1996 година.