Делегација на Партијата за движење на Турците на средби во романскиот Парламент

Делегација предводена од претседателот на Партијата за Движење на Турците (ТХП) Енес Ибрахим во Букурешт, оствари средба со претседателот на Демократскиот сојуз на Турците на Романија, воедно и пратеник на романскиот парламент Јусеин Ибрам.

На средбата беа разгледани повеќе теми во делот на институционалната и политичката претставеност на немнозинските заедници во двете држави. Беше констатирано да се продлабочи заедничката соработка со посебен осврт на споделување на искуства од евроинтеграциските процеси.

Ибрахим во име на Турците од Република Северна Македонија се заблагодари за дадената поддршка од страна на турската заедница во Романија за нашите евроатлантски интеграции.