Нов хендикеп за екипата на Кливленд. Еден од најдобрите кошаркари оваа сезона во редовите на Кливленд, Кевин Лав, на почетокот на натпреварот со детроит, заработе повреда на раката. На снимките беше утврдено дека се работи за скршеница, што значи дека до средина на плеј офот нема да може да им помогне на своите соиграчи.
Лав игра одлично оваа сезона. Особено го подобри шутот од далечина и го крена процентот на успешност на 40%.
-По толку повреди кои не заредија оваа сезона, најмалку ни требаше повредата на Кевин. Ќе го нема на теренот најмалку два месеци и тоа е огромен удар за нас-изјави неговиот соиграч, Леброн Џејмс.
Само како потсетување, сезонава од редовите на Кливленд се повредија Дерик Роуз, Ајзеа Томас, Тристан Томпсон и Имам Шумшперт. Во ниту еден натпревар Кливленд не настапи комплетен и е се подалеку од првото место во дивизијата.