Комесарот за човекови права на СЕ, Мужниекс, во Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе има средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нил Мужниекс, кој престојува во посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата двајцата ќе разговараат за состојбата со човековите права и слободи, меѓународните обврски на нашата држава на полето на човековите права,  како и за актуелните  случувања  и текот на започнатите  реформи во Република Македонија.